Градоначалникот Бакрачески оствари работна средба со амбасадорката на Австралија

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес во својот кабинет ја прими Амбасадорката на Австралија за Република Македонија, Јулија Фени чие седиште е во Белград, Република Србија. Целта на работната средба беше продолжување на  етаблираната соработка помеѓу Општина Охрид  и Австралиската амбасада.

Во тој контекст , Амбасадорката  Фени, понуди организација на изложба на уметнички слики во Охрид  која би   била организирана  на  датум и место што ќе ги избере Општина Охрид.  Од страна на Градоначалникот Бакрачески како добар датум за излагање беше предложен 8- декември патрониот празник на Охрид, по што се очекува  од  амбасадата на Австралија  да потврдат  дали им одговара тој  термин. Оваа изложба би  претставувала продолжување во континуитет  на излагањето   на светски уметници во Охрид  на  Патрониот празник на градов.    Ваквата традиција започна минатата  година со изложбата на фотографи од кинески автори насловена како “ Убава Кина“.

Ambasador_Avstralija_juli_2014_4853

На  работната средба меѓу другото стана збор  за организација на   заедничка посета на Претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов и претставници  од Општина Охрид во  Волонгонг  збратимениот град  на Охрид.

На работниот состанок се разговараше и  за можна  соработка меѓу Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и универзитетот во Волонгонг кој е еден од петте највисоко рангирани факултети во Австралија. На  работниот состанок  се приклучи и деканот на охридскиот факултет за туризам и угостителство, проф. д-р Сашо Коруноски при што  се разговараше за можностите австралиски професори да држат предавања на охридскиот факултет  и обратно како и можноста да се учи по системот long- distance learning.

Ambasador_Avstralija_juli_2014_4852