Детското одделение при „Општа болница“ – Охрид ќе добие медицинска опрема

Ротари клубот Охрид е пред крај со реализацијата на проектот: „Медицинска опрема за Детското одделение при Општата болница во Охрид“. Грантот во вредност од 40.245 евра е реализиран со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и клубови – пријатели на Ротари клубот од Италија, Шведска и Србија.

Официјалната церемонија од настанот ќе се случи утре на 18 ноември,– вторник.

Во 12:00 часот, ќе се изврши примопредавање на опремата во Детско одделение, „Општа болница“ – Охрид. Свои обраќања ќе имаат Руди Муфти – претседател на Ротари клуб Охрид,  Леонардо де Анџелис – претседател на Ротари фондацијата во дистриктот 2072 и д-р Љубен Аранудов – директор на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид.