Советот на градските татковци расправаше за привлекувањето на инвестиции

Локалниот економски совет или такавиканиот Совет на градски татковци, на денешното продолжение на четвртата седница со која претседаваше  градоначалникот Никола Бакрачески, расправаше за досегашните активности за привлекување инвестиции и за неколку поголеми проекти ,што ќе ги финансира Владата на Република Македонија.

Општина Охрид, како што информираше градоначалникот Бакрачески, интензивно контактира со домашни и странски инвеститори и паралелно работи на промоцијата на можностите за развој во повеќе сектори. Денеска, посебен акцент беше ставен на можностите за рестартирање или пренаменување на стопански објекти кои не функционираат.Сетоа тоа, како што беше речено е дел од брошурата „ Инвестирајте во Охрид“ која наскоро ќе биде дополнета и ќе се објави како ново издание.

Градските татковци, разменија  мислења и  за проектите за изградба на градска марина, пет нови плажи и пешачка патека од градското пристаниште до Канео. Тоа се проекти кои се влезени во програмата и целосно ќе бидат финансирани од Владата на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески информираше и за текот на проектот за изградба на ски- центар на планината Галичица.  

sovet_tatkovci_400