Денес градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски го посети местото каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението.
„Со оваа инвестиција се задоволуваат потребите од вода на жителите во с.Ботун, но се растеретува и регионалниот водовод од Караорман кој ги снабдува со вода селата: Белчишта, Лешани, Ново Село, Средоречие и Ботун каде што често во летниот период има недостатоци на вода за пиење. Меѓу другото се врши реконстукција и на водоводната мрежа во с.Ботун која е стара повеќе од 30 години и често во изминативе години доаѓаше до дефекти и прекини во водоснабдувањето.“– информираат од општина Дебарца.
Целата инвестиција е во вредност од околу 4.500.000.00 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебарца.