Комеморативна седница за четворицата трагично загинати припадници на МВР

Денес во Домот на АРМ во Скопје се одржа Комеморативна седници по повод трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворицата припадници на министерството, Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков. На комеморативната седница на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите колеги беше отворена и книга на жалост.