ВМРО-Народна партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„ВМРО – Народна партија остро се спротивставува на намерата на власта да земе дел од имотот на црквата околу манастирот Св. Наум. И покрај тоа што откупната цена која се споменува е понижувачки пониска од реалната, сметаме дека тоа земјиште не смее да припаѓа на никој друг освен на црквата.
Без разлика која е намерата на власта да стопанисува со земјиштето, дали ќе го препродава или ќе бара белосветски измамници за некакви наводни инвестиции, тоа земјиште е во сопственост на црквата и таа треба да го поседува. Насилното одземање на земјиштето уште еднаш ќе го покаже авторитативниот и диктаторски начин на владеење на оваа власт.
Ја повикуваме владејачката ДПМНЕ, да ја покаже својата. Како што сака да каже, демохристијанска идеологија, да покаже барем малку совест и да не влегува во спорови со црквата. ВМРО – Народна парти целосно застанува на страната на црквата и се надеваме дека правдината на крај ќе победи и црквата преку институционален пат ќе успее да го задржи своето земјиште.“– стои во соопштението на ВМРО-НП Охрид.