Работнички 0:0 Хелсинки

Работнички одигра без голови против ХЈК Хелсинки на првиот дуел од квалификациите за Лигата на шампиони.

Финскиот тим влезе во овој дуел како фаворит, но не ја оправда таа улога. Гостите имаа неколку, не толку сериозни закани кон голот на Шишковски, а може да се каже дека Работнички имаше далеку позрели шанси за гол.

Иако одиграа добро, фудбалерите на Работнички како да беа резервирани, со премногу респект кон противникот. Им требаше само малку похрабар пристап за да постигнат гол. Сепак, и 0:0 останува активен резултат за Работнички, кој за една недела ќе треба да се докажува во Финска.

Повратниот дуел ќе се игра на 23-ти јули во Хелсинки.

RabotnickiHJK01 RabotnickiHJK02 RabotnickiHJK03

WebOhrid