Продадени рекорден број влезници за концертот на Цеца

По само неколку дена отворена продажба на влезниците за концертот на Цеца, организаторот објавува бројки од рекордно брзата продажба. Имено, за само неколку дена продадени се повеќе од 3.000 влезници по првичната цена од 500 денари. Истата останува уште денес. Веќе од утре, влезниците ќе чинат 600 денари, се до 27 јули.

За оние кои што знаат во колкав тираж се распордаваше последниот албум на Светлана Ражњатовиќ – Цеца, ова не би требало да е никакво изненадување. „5 минута”, „Да раскинем са њом”, „Добро сам прошла”, “Име и презиме” се песните кои што распродаваа концерти низ цела Европа. Овојпат, за првпат во музичката историја на Цеца, го распродаваат и концертот во Охрид закажан за 1 август, за кој што нема реприза. Почетокот на концертот е закажан за 21.30. И по барање на Цеца затоа што првпат пее во „македонскиот Ерусалим” не е ограничен на 2 часа. 

Засега, рајдер листата на Цеца останува скромна. Она на што нејзиниот тим посветува најмногу внимание е продукцијата. Па за потребите на концертот, пред да пристигне Цеца во Охрид, пристигнуваат 10 шлепери опрема за специјално озвучување и осветлување.

Како што веќе напоменавме, влезниците за ова неповторливо концертно доживување уште денес чинат 500 денари. Веќе од утре ќе се продаваат по цена од 600 денари. Можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се, Југотон, Камарад – Рамстор, Розе Веро 2, локалните кафулиња и киосци низ државата и на неколку продажни пултови во Охрид. Информации и резервации за влезници на телефонскиот број 078969998.

За сите оние кои што сакаат да стигнат во Охрид само за концерт, организаторот обезбеди и организиран превоз од Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Виница, Штип и Куманово.

10518988_670501199697752_317957992274322315_n