Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6.2%, а реално за 4.7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0.7%, а реално за 11.3%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 3.4%, а реално за 2.9%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5.5%, а реално за 7.0%).