Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве ја искосија високата трева и го уредија просторот помеѓу коловозните ленти на булеварот „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача. Поради конфигурацијата на теренот кој не е нивелиран, косењето беше извршено рачно, па поради тоа расчистувањето се одвиваше со побавно темпо.
За расчистување на целиот потег и негово целосно партерно и хортикултурно уредување, потребна е преходна нивелација на теренот. Со оглед дека овој патен правец е во надлежност на ЈП „Македонија пат“, ЈП „Охридски Комуналец“ е подготвено доколку претходно се направи нивелација на теренот, на сопствен трошок да постави систем за наводнување и целиот простор да добие нов лик.