Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, изнесува 109.5.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2014, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 3.6%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11.8%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи опаѓање од 28.4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12.0%.
Според главните индустриски групи, прометот во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст кај Капитални производи за 32.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%.
Индексот на прометот во индустријата во мај 2014 година, во однос на април 2014 година, изнесува 100.9, додека во периодот јануари-мај 2014 година, во однос на периодот јануари-мај 2013 година, изнесува 109.9.