Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013/2014 година, вкупниот број на ученици – студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 7 488 што претставува намалување за 7.9% во однос на 2012/2013 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 232 ученици.
Со годишните извештаи се опфатени 38 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.
Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите – издржувателите.