Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.К.(48) од Струга, управител на фирма „Фагус 2014„ ДООЕЛ Струга, Т.М.(39), управител на „Дјети“ ДООЕЛ-Струга и Н.З (41), управител на „Диу-М“ ДООЕЛ, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „пустошење на шуми“.
Првопријавениот, на 28.06.2014 година издал пет фиктивни испратници на фирмата „Диу-М“ за превоз на 50 метри кубни дрва, при што на испратниците не внел дека дрвата се сечени од приватна шума. Второпријавената, покрај одобрената сеча на дрва за која имала договор со ЈП „Македонски Шуми“ извршила и бесправна сеча на необележани дрва. Третопријавената бесправно исечените дрва ги транспортирала до с.Долно Татеши.