Центарот за култура Охрид во соработката со Кинотека на Македонија и Францускиот кино-клуб, продолжува со прикажување на кино проекции. На репертоарот е филмот „Брана на Пацификот“, кој ќе се прикажува во деновите 24-ти (четврток) и 26-ти (сабота). Почетокот е во 20.00 часот, а влезот чини 50 денари.
„Брана на Пацификот“ е филм од 2009 година, на повеќекратно наградуваниот режисер Рити Пан. Во него настапуваат француската и глобална мега-ѕвезда Изабел Ипер и Гаспар Илијел.
Станува збор за драма, адаптација на истоимениот роман на француската писателка Маргерит Дирас, која беше оценета како „одлична екранизација на книжевното дело на Дирас“ во критичкиот осврт на Ле Нувел Обсерватер. Ле Монд пак пишува дека е тоа „Филм со мистична алхемија, која двочасовно го обвива гледачот“.
Филмот е со превод на македонски јазик.