Се обележуваат такси станиците во Охрид

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунален развој , сообраќај и улици  денес  започнаа со бележење и дислокација на такси станиците на територијата на Општина Охрид. Процесот на обележување  на такси- станиците ќе се одвива паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација и меѓусебно ќе се координираат и надополнуваат. Акцијата  започна на улицата “Јане Сандански“ на потегот кај некогашниот  Мини-маркет и на кружниот тек кај  Општата Болница.  По завршувањето на обележувањето на такси -станиците и дислокација на дел од нив, согласно одлуката на Совет на Општина Охрид, ЈП „Нискоградба“ заедно со стручните служби на Секторот за комунален развој,сообраќај и улици ќе пристапи кон бележење на  старите и нови автобуски постојки.

Процесот на означување  на хоризонталната сигнализација и такси- постојките на територијата на Општина Охрид се одвива во координирана активност со СВР Охрид и Секторот за сообраќај и безбедност на патиштата,за што истите се уредно известени од Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид.

obelezuvanje_taxi_400_1