Во екот на туристичката сезона екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со зголемен интензитет ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило во туристичките населби и села на охридското крајбрежје. Изминатата недела искосен е просторот околу коловозите, како и сите пристапни патеки во селата: Рача, Коњско, Трпејца и Љубаништа.
Денеска се косеше просторот околу плажата во Грашница и плажата во туристичката населба Лагадин на потегот до авто-камп Елешец и се подигна расфрланиот ситен отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и лименки).