Работнички ги заврши квалификациите за Лигата на шампиони со пораз од ХЈК Хелсинки на гостувањето во Финска.
Домаќинот тргна по посакуваната победа уште во првото полувреме, постигнувајќи голови во 22 и 26 минута, за убедлива предност од 2:0 на полувреме.
Во второто полувреме Работнички брзо го намали резултатот со голот на Вујчиќ во 47 минута. Но, до крајот на натпреварот нашиот претставник не успеа да постигне барем уште еден гол, а тоа значеше елиминација од овогодишното учество во квалификациите на Лигата на шампиони.
WebOhrid