ХЈК Хелсинки 2:1 Работнички

Работнички ги заврши квалификациите за Лигата на шампиони со пораз од ХЈК Хелсинки на гостувањето во Финска.

Домаќинот тргна по посакуваната победа уште во првото полувреме, постигнувајќи голови во 22 и 26 минута, за убедлива предност од 2:0 на полувреме.

Во второто полувреме Работнички брзо го намали резултатот со голот на Вујчиќ во 47 минута. Но, до крајот на натпреварот нашиот претставник не успеа да постигне барем уште еден гол, а тоа значеше елиминација од овогодишното учество во квалификациите на Лигата на шампиони.

WebOhrid