Охрид домаќин на Светското кадетско првенство во ракомет за жени

Охрид заедно со Скопје и Струмица се македонските градови кои се домаќини на светското кадетско првенство во ракомет за жени до 18 години што се одржува од 20 јули до 3-ти август.

Во Охрид натпреварите се играат во спортската сала „Билјанини извори“, а влезот е  слободен. Се   натпреваруваат екипите од  : Русија, Унгарија, Норвешка, Конго, Јапонија, Парагвај, Ангола, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Кина и Франција.

Денес во спортската сала  први играат  Норвешка – Парагвај, а почетокот на натпреварот е закажан за 16:15 часот; Јапонија –Русија играат  во 18:30 часот, а Конго – Унгарија во 20:45 часот.

Спортските случувања во градов, односно светското кадетско  првенство во ракомет за жени до 18 години  потоа  меѓународниот пријателски турнир во Кошарка  како и гостувањата  на ракометните репрезентации од Македонија, и тренинзите кои во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ од почетокот на летово ги реализираат фудбалските екипи од земјава и странство, потврдуваат дека Охрид станува се попривлечна спортска дестинација.