Министерката Канческа-Милевска го прими хрватскиот пијанист Мрвица

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го прими еминентниот пијанист од Република Хрватска, Максим Мрвица, кој утревечер во Охрид ќе одржи концерт во рамки на 54. издание на „Охридско лето“ …

Канческа-Милевска го искажа своето особено задоволство што Мрвица ќе биде еден од звучните имиња кои оваа година ќе го збогатат репертоарот на веќе светски етаблираната манифестација. Таа му посака успешен концерт, како и голем успех во понатамошната кариера.

На средбата министерката му подари фотомонографија „Чудесна Македонија“ во која се презентирани природните убавини и културното наследство на земјата.

01b_Kanceska_Milevska_-_Mrvica_640x400

Ова ќе биде прв настап на мега-популарниот пијанист пред македонската публика. Неговите концерти претставуваат шаренолика музичка фузија пропратена со специјално осветлување, сценски и видео ефекти.

По настапот во рамките на „Охридско лето“ Мрвица ќе одржи концерти во Пула и Задар.

Максим Мрвица, е роден на 2 Мај 1975 во Шибеник. Од својата деветта година почнал да зема часови по пијано и истата година го одржал својот прв јавен настап. Само три години подоцна го одржал и својот прв концерт. Се запишал на Mузичката академија во Загреб, каде студирал пет години во класата на професорот Владимир Крпан. Исто така поминал една година во конзерваториумот „Франц Лист“ во Будимпешта.

За ЕМИ Класикал има снимено дестина албуми. Првиот негов албум платинест албум „The Piano Player“ е продаден во неколку милиони копии во Малезија, Кина, Индонезија, Тајван, Сингапур и Хонг Конг.

05_Kanceska_Milevska_-_Mrvica_640