Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати општина Охрид, во која се вели:
„Кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески ја информира јавноста дека како прв човек на институцијата која ја води ќе го задржи нивото и нема да одговара и да ги коментира ставовите изнесени во соопштението кое до јавноста го испрати ВМРО-НП, а кое изобилува со обиди за омаловажување на градоначалникот и е под нивото на елементарна културна комуникација во јавноста.
Луѓето од ВМРО-НП преку соопштението поставуваат прашања на кои целата јавност го знае одговорот, а констатациите изнесени за градоначалникот Никола Бакрачески говорат само за неадекватниот и под секое ниво приод во комуницирањето на прес службата или поединец кој ги пишува овие соопштенија, во кои е очигледен личен анимузитет кон градоначалникот на Охрид, за кој институцијата нема намера да полемизира во јавноста.“– стои во реакцијата на општина Охрид.