За прв пат во Охрид, од 17-ти до 28- ми август ќе се одржи манифестација „Piano Summer Ohrid“.
„Piano Summer Ohrid“ е фестивал, меѓународна летна академија по пијано и можност за вдахновувачки средби меѓу уметници и љубители на музиката од цел свет.
Покрај летната академија која ќе биде под водство на пијанистот и професор, 90годишниот Клаус Шилде од Германија, учесниците и пријателите на овој фестивал ќе може да уживаат во разновидна дополнителна програма (концерти, пијано маратон и предавања) со реномирани концертни имиња од Јапонија, Германија, Русија, Јужна Кореја, Унгарија и Србија.