НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид во соработка со ЗГ Буден Театар – Скопје, во среда (30-ти јули), со почеток во 22.00 часот, ве покануваат на претставата „ЈАС ЉУБАМ БОГ“.
Претставата е монодрама, авторски проект на Милиана Ленак, во кој таа настапува како актер и е потписник на режијата. Сценариото на претставата се базира на збирките „Хенри и Џун“ , и „Инцест“, од едицијата нецензурирани дневници на Анаис Нин, насловена „Дневник на Љубовта“.