Во насока и со целосна посветеност за остварување на стратешките цели, Царинската управа континуирано работи на подобрување и олеснување на царинските процедури преку поедноставување и забрзување на економските активности, унапредување на капацитетот за контрола врз примената на законите, унапредување на административната и логистичката поддршка, како и преку инвестирање во вработените и тоа не само преку стручното оспособување, туку и нивна мотивација.
Од тие причини и со цел поттикнување на натпреварувачкиот дух, Царинската управа воведе нов систем на избор на најуспешни царински испостави.
Изборот за најуспешна испостава се врши за секој квартал во тековната година, согласно критериуми пропишани во Упатството за избор на најуспешна стокова и гранична царинска испостава и тоа:
– Критериум за исполнетост на планови и
– Критериум за обем на работа
Царинската управа информира дека во вториот квартал за 2014 година, за период април – јуни, Царинската управа за најуспешна царинска испостава која врши патнички промет ја избра:
– Царинската испостава Табановце-автопат, Царинарница Куманово, а за најуспешна внатрешна царинска испостава која врши стоково царинење ја избра:
– Царинската испостава Гевгелија, Царинарница Гевгелија.
Покрај прворангираните царински испостави, се прави селекција и на второ и трето рангирани царински испостави и тоа:
Второрангирана гранична царинска испостава е царинската испостава Дојран, Царинарница Гевгелија, а треторангирана гранична царинска испостава е царинската испостава Богородица, Царинарница Гевгелија.
Второрангирана стокова царинска испостава е царинската испостава Куманово, Царинарница Куманово, а треторангирана стокова царинска испостава е царинската испостава Аеродром – отсек за стоково царинење, Царинарница Скопје.
На сите царински службеници од избраните царински испостави, Царинската управа им честита за постигнатите резултати.
Царинската управа на Република Македонија, преку процесот на меѓусебно натпреварување и конкуренција, ги охрабрува и поттикнува сите царинските службеници за остварување на нивните амбиции и ги поддржува во новите идеи кои значат ефикасно работење и залагање за остварување на утврдените стратешки цели.