Меѓусебна тепачка помеѓу две групи

На 01.08.2014 година во Охрид нарушен е јавниот ред и мир од страна на две групи млади лица, на тој начин што настанала меѓусебна тепачка во која на К.П.(19) и Ф.К.(17), од Скопје им се нанесени убодни рани од нож по што се пренесени во Медицински центар Охрид, каде по извршена хируршка интервенција се задржани на лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.