Режисерот Маџели покажа дека е и извонреден актер

Со дела на познатиот македонски композитор, охриѓанецот Љупчо Константинов, синоќа во Заливот на коските кај Градиште, актерите на Црногорскиот народен театар од Подгорица ја изведоа претставата „Његош и ја“.

На отворената сцена, комплетниот автор на проектот, италијанскиот режисер Паоло Маџели, уште еднаш покажа дека освен добар режисер, е и извонреден актер.

Претставата е всушност патување низ Црна Гора во кое се споредуваат некои мои тогашни и сегашни политички чувства напрема овој свет,или ако сакате, во еден дијалектички однос со еден свет кој според мене, неправедно се променил. Ми се чини дека сите ние многу малку водиме сметка за вчера, и со тоа не водиме сметка за утре“, вели Маџели.

paolo_i_maja

На сцената го видовме и авторот на музиката во претставата Константинов, кој за оваа намена одбра фрагменти и теми што ги работел во периодот од 1984 година до 1990 година.

Црногорскиот народен театар со оваа претстава што премиерно ја одигра минатата година во Котор, по повод 200-годишнината од раѓањето на големиот поет Петар Петровиќ –Његош. Првиот човек на театарот, Јанко Љумовиќ вели дека проектот е сосема поразличен од останатите претстави посветени на Његош што се работени досега на црногорската театарска сцена.

Првото гостување на оваа претстава надвор од границите на Црна Гора, се реализира токму на 54-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

paolo2