Утре по 35-ти пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, традиционално по 35 пат, утре, 2-ри август (сабота), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 40 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен х.Парк).

Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде од 10:30 часот.