УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги чистеше спомен обележјата на паднатите борци

Во пресрет на Денот на Републиката, 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, организира акција за чистење на спомен обележјата на паднатите борци од НОБ. Акцијата се спроведе во Спомен паркот на Револуцијата.

„Со ваквите акции сакаме да дадеме пример до сите млади како треба да се негуваат и почитуваат културно – историските спомен обележја, односно како да се слават луѓето кои своите животи ги положиле за слободата на Македонија, за нашата слобода. Во неколку наврати ние, членовите на УМС Охрид, имаме покажано дека сме општествено одговорни и тоа нема да запре тука. Во иднина се планирани повеќе акции од ваков карактер, но и други кои ќе бидат од интерес на сите млади од Охрид“, изјави претседателот на УМС, Илија Арнаудоски.

Инаку Илија Арнаудоски доаѓа на местото претседател на УМС по досегашниот Сашо Донев кој поради старосната граница ја напушти УМС. Илија Арнаудоски е актуелен советник во советот на општина Охрид и координатор на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, а за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид е назначен пред неполни две недели.