По повод денешниот ден, Денот на Републиката, Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито, испрати честитика, во која стои:
„Македонија денес им се поклонува на своите великани, на оние кои беспоштедно ги дадоа животите на татковинскиот браник, во светлината на големиот христијански празник, свети Илија, пред 111 години, меѓутоа и на оние кои своите младешки соништа ги вградија во слободата на својата земја, зацврстена на второто заседание на АСНОМ, на 2-ри август 1944 година. Во миговите на заборав на основните вредности и постулати на слободата на македонско тлодозволете да се потсетиме, иистовремено нашите потомци да ги научиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, Илинден, круна на сите соништа за свое парче земја. Денес е моментот на мало приспомнување на најсамосвесните и најдоважнитемеѓу својата генерација,вопериодот на Илинденското Востание, и на неговото воскреснување, во очите на носителите на борбата за македонска самостојност, во Втората Светска Војна. Денес, ние гордо треба да застанеме и да кажеме дека предводен од вековните стремежи за самоидентификација, ние сме еден народ и една држава, крунисани на темелите на вековната саможртва на нашите претци.
Овие два де – факто клучни настани во аналите на македонската историја, се нашата храброст и решителност за исполнување на сонот на генерации Македонци, за самостојна и суверена држава.
Историјата треба да го потсети македонскиот народ на сите негови храбри синови и ќерки од најзначајните епопеу во битката за наше парчеземја,Илинденската и Народноослободителната. Трагите на оние кои беспоштедно ја вградија борбеноста во браниците на татковината и во аналите на нашето битисување, се нераскинливо испреплетени и поврзани со непокорливоста и со нескршливиот дух на македонските илинденци, и со сите оние кои низ вековите бдееле над развојот на оваа нација.
Нашата должност и обврската кон нивниот спомен не треба да ни дозволат, државните елити да ја прекројуваат историската подлога, и да ги минимизираат улогата и значењето на едни наспроти други, затоа што на тој начин, ќе бидеме одговорни и пред нашите предци, меѓутоа, првенствено пред оние што доаѓаат по нас!
Македонија мора и треба да им оддаде максимална почит на симболите на нејзиното слободарско минато, на сегашноста и на иднината. Тие симболи се олицетворение на младешките идеали на партизаните, како достојни наследници на илинденските принципи. Тоа е белеготна оние млади луѓе, кои ги дадоа своите животи, за некои други генерации да ги живеат нивните неотсонувани соништа, во едно друго и поубаво време! На тој начин, Македонија ќе ја развиеме во современа и демократска држава, на која ќе бидеме горди не само ние, туку и генерациите што доаѓаат по нас!
Честит Илинден! “- се вели во честитиката на Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито.