Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, во 01:00 часот по полноќ на патниот правец Гевгелија – Смоквица спречија обид за нелегална миграција на петнаесет лица.
На 2 август, околу 01:00 часот по полноќ, на патниот правец Гевгелија-Смоквица, царинските инспектори за преглед за контрола запреа товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки. Во моментот кога од возачот е побарано да го отвори товарот истиот се дал во бегство, ја прескокнал жичаната ограда покрај автопатот и се одалечил од местото. При прегледот на возилото во делот за товар пронајдени се петнаесет лица кои не поседувале никакви документи за идентификација. Според нивните изјави четиринаесет од лицата се од Авганистан и едно лице од Еритреа.
За случајот веднаш се известени надлежните служби од Министерство за внатрешни работи, кои по итна постапка ги превзедоа откриените мигранти и возилото за понатамошно постапување.