Утре, 5-ти август, со почеток во 20.00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид (изложбениот салон) ќе се одржи промоција на книгата: „Сеќавањa за брат ми Драган Богдановски“ од авторот Раде Станковски.
Како промотор на книгата се јавува Проф. д-р. Виолета Ачкоска, историчарот Марјан Гијовски, а организатор м-р Никола Митровиќ. Промоцијата на книгата е од отворен карактер и секој кој пројавува интерес може да присуствува.