Во врска со денешната прес конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција општина Охрид, во која стои:
„ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ паркингот на т.н. „Мал полигон “го има изнајмено со склучен законски договор помеѓу ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ и А.Д. „ГРАНИТ“ кој е сопственик на овој простор.
За склучувањето на овој договор донесена е одлука на Управен одбор, кој на ден 24 јули 2014 година кога одборот донесе Одлука за земање под краткотраен закуп на земјиште во централното градско подрачје на градот Охрид.
Ваквата одлука Управниот одбор ја донесе заради лошата финансиска состојба во која е претпријатието, а за која целокупната јавност има детални информации и е запознаена во целост.
Што се однесува до критиките дека за ова немало одлука на Совет на општина Охрид, истите ги оценуваме како беспредметни и неаргументирани, бидејќи Советот не може да донесе одлука за земјиште кое е приватно.
Паркингот кај „Центарот за обука на вода“ е доделен на ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ со одлука на Совет, и легално работи, а на јавноста и укажуваме дека ова е првпат овој паркинг да се стави во владение на претпријатието, кое и во минатите години го имаше овој паркинг, исто така со одлука на тогашниот состав на Советот, но тогашната власт и раководството никогаш не го ставија паркингот во владение ја претпријатието, од што истото има трпено материјална штета.
На јавноста и укажуваме дека ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ токму до ваквите и слични претходно преземени мерки се консолидира, враќа стари долгови и полека но сигурно финансиски заздравува.
Како поткрепа на ова на јавноста и соопштуваме дека вработените последниов месец зедоа две од заостанатите плати, исплатени се околу 300 000 денари од долгот кон ЕВН.“- стои во реакцијата на општина Охрид.