Пронајдена листерија во свинскиот врат на Екстра Меин од Куманово

Чадениот свински врат на компанијата „Екстра Меин“ од Куманово е причинителот за ширење на бактеријата Листерија, од која досега четири лица починаа.

„Испитувањата на вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат. Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98% се совпаѓаат со оние најдени кај 8-те раболени од листериоза“, изјави професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.

Дејан Рунтевски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, по откривањето на причинителот изјави дека  ќе бидат повлечени од продажба сите сомнителни продукти на оваа домашна компанија.

Извор: Нет Прес