Македонската шаховска репрезентација ја запиша и третата победа во 4.коло на шаховската Олимпијада која до 14. август се одржува во Тромзо, Норвешка, славејќи денеска против селекцијата на Албанија со 2,5-1,5.
На првата табла Трајче Недев со црни фигури ремизираше со велемајсторот Дервиши, Филип Панчевски на втората табла загуби од Ашику, но на последните две табли победи извојуваа Никола Митков и Влатко Богдановски што ни го донесе конечниот триумф.
По четири кола шахистите со 6 бода се на делба од 18 до 44. место, меѓу 177 репрезентации колку што учествуваат на машкиот турнир. Во водство со 8 бода се репрезентациите на Азербејџан, Бугарија и на Србија.
Утре, во 5.коло, шахистите ќе се соочат со силната репрезентација на Хрватска.
За разлика од мажите, шахистките, пак, во 4.коло загубија од Летонија со 3-1. Единствената победа за нас ја донесе Стојковска на првата табла со црни фигури против женскиот велемајстор Реизниче.
Дамите по четири кола со три бода се на 91.место во конкуренција на 134 селекции кои учествуваат на женскиот турнир.