Традиционалната крводарителска акција „Плаошник“, годинава ќе се одржи во ОУ „Св. Климент Охридски“

Со оглед на новодонесените ставови и препораки од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, а кои се однесуваат на организирањето на крводартелски акции на отворено (во шатори, тенди и сл.), од Црвениот крст ги информираат крводарителите дека, традиционалната крводарителска акција „Плаошник“ која Црвен крст Охрид ја организираше секој 8-ми август, на празникот Св.Климент, почнувајќи од 2005 година, оваа 2014 година нема да се одржи на Плаошник, туку во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид, на 08.08.2014 г. (петок) во периодот од 18-24 ч.