Свечена академија на матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на Антички

Веќе традиционално, во петок на 8-ми август, на Античкиот театар од 20 часот, со пригодна церемонија ќе биде одбележан свечениот момент на преминување на прагот на зрелоста на овогодинешната генерација матуранти.

По повод неделата на Св. Климент Охридски Летен – Патрон на Градот, кој се слави од 7- ми август, следуваат и други културно-забавни содржини во организација на Општина Охрид.

Програма:

– изведба на химната на РМ;

– изведба на студентската химна ;

– обраќање на претставник од локалната самоуправа ;

– изведба на музичка точка од ансамблот „Билјана – подмладок“;

– обраќање на в.д. директорката на ОСУ „Св.Климент Охридски“ Вера Јовческа;

– видео презентација на матурантите проследена со изведба на музички точки и

– обраќање на ученикот Никола Буџакоски од името на генерацијата.