Лоциран до новата автобуска станица, на просторот кој до сега го користеше ЈП „Охридски комуналец“, денеска започна со работа пазарот на големо. Извршено е комплетно уредување на површината, како и обележување на продажните места како и поставување на потребната инфраструктура.
На пазарот планирано е да се сместат околу 25 до 30 камиони, кои ќе вршат продажба на големо. Во рамки на пазарот ќе работат и неколку тезги за продажба на мало. Пазарот ќе работи секој ден од 07 до 21 часот.