Турнир во мал фудбал „Велгошти 2014„

Синоќа во Велгошти по десетти пат се одигра турнирот во Мал фудбал „Велгошти 2014“, што по традиција се одржува во очи на големиот христијански празник „Св. Петка“. И градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески присуствуваше на  турнирот.

Годинашен победник на турнирот односно со освоено прво место е екипата на АСП ПАК која ги измери силите против екипата на „Мистер Ај”.

Медалите на првопласираните и пехорот им ги врачи градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Инаку, на турнирот имаше голема посетеност, трибините на игралиштето во Велгошти беа премали за сите кои сакаа да го гледаат фудбалот.