Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесува 741 313 илјади денари што претставува намалување за 15.2 % во споредба со јуни 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29.2%.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и рибата.