Дисциплински мерки за 20 вработени во МВР

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 20 решенија против 20 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3,4, 5 и 3, и член 207 став 1 точки 8, 9 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на тринаесет вработен им е изречена мерка “парична казна“ на четири вработени мерка – “отказ“ на еден вработен мерка – “откажување на договорот за вработување”, на еден вработен мерка – “писмено предупредување” и на еден вработен мерка – “запирање на постапката”, а се работи за:

В.Ј. полицаец во ПС ОН Кочани изречена му е мерка „ парична казна” (влегол во продавница со униформа и на касата не го пријавил и не го платил сирењето).

Б.Е. ПС ОН Струмица, СВР Струмица изречена му е мерка „ парична казна” (не постапил со судски акти, со кои бил задолжен и требал да ги врачи).

В.А. ПС ОН Струмица, СВР Струмица изречена му е мерка „ парична казна” (не постапил со судски акти, со кои бил задолжен и требал да ги врачи).

Н.М. полицаец во ПС ОН Рогачево изречена му е мерка „ парична казна” (му бил украден службениот пиштол од возилото а подоцна му бил вратен).

Г.С. водич на безбедносен реон во ПС за БПС Тетово изречена му е мерка „откажување на договорот за вработување” (не ги почитувал мерките за безбедност за проверка на оружјето)

Т.Ч. инспектор во ПС ОН Струмица изречена му е мерка „ парична казна” (без да направи безбедносна проценка на теренот истиот испратил колеги на терен од кои едниот колега се здобил со телесни повреди).

С.П. полицаец ПС за БПС Демир Капија изречена му е мерка „писмено предупредување” (непостапил по наредба).

Ј.Љ. полицаец ПС од ОН Карпош, СВР Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката” (неутврдена одговорност).

Д.Л. полицаец-водич на службено куче во ПС за ГП и ГН Ново Село изречена му е мерка „парична казна” (не се придржувал кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место и не се придржувал на утврденото работно време, распоредот и користењето на работното време).

Н.А. полицаец во ПС од ОН Гостивар изречена и е мерка „парична казна” (Постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството и изврши дејствие што претставува кривично дело).

И.И. полицаец во ПС од ОН Крушево изречена му е мерка „парична казна” (постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството)

М.А. полицаец во ПС од ОН-Ѓорче Петров изречена му е мерка „парична казна” (не го почитувал работниот ред и дисциплина, не ги извршувал или несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски, не се придржувал кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место и не се придржувал на утврденото работно време, распоредот и користењето на работното време)

Т.П. полицаец во ПС од ОН-Тетово изречена му е мерка „парична казна” (не го почитувал работниот ред и дисциплина)

Н.Д. полицаец во ПС за ГП-Аеродром Свети Апостол Павле-Охрид изречена и е мерка „отказ” (постапила спротивно на правилата и прописите на Министерството, го злоупотребила и пречекорила даденото овластување и извршила дејствие што претставува кривично дело)

Л.С. виш инспектор за општ криминалитет во ООК, ОКР, СВР-Куманово изречена му е мерка „парична казна” (не го почитувал работниот ред и дисциплина и не ги извршувал, несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски)

И.С. самостоен инспектор за општ криминалитет во ООК, ОКР, СВР-Куманово изречена му е мерка „парична казна” (не ги извршувал, несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски)

Б.И. раководител на смена во ПС за ГП-Ќафасан изречена му е мерка „парична казна” (постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството)

Љ.Љ. полицаец во ПС од ОН Куманово изречена му е мерка „отказ” (постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството и извршил дејствие што претставува кривично дело)

З.Ј. лидер на тим во ЕСЗ изречена му е мерка „отказ” (не дошол на работа три последователни дена)

А.В. полицаец во ЕБПС изречена му е мерка „отказ” (не дошол на работа три последователни дена)