СВР Струмица до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против М.М.(40) и О.А.(39) двајцата од Струмица поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор„ по чл.418-д ст.3 в.в. ст.1 од КЗ.
Имено прво и второпријавениот во текот на минатата година со цел да се стекнат со имотна корист врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор најчесто во градот Дортмунд, Германија со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската унија на прописите на Европската унија, Шенгенскиот договор и на меѓународното право. Пријавените организирањето и транспортот го вршеле на лица од повеке населени места од општините Струмица, Василево и Босилово при што најчесто се користени три ПМВ „Форд Галакси“, ПМВ “Пасат”, ПМВ “Шаран”, ПМВ “Форд Транзит” и ПМВ “Фиат Дукато” сите со струмички регистарски ознаки. М.М. и О.А. на лицата лично им ветувале дека ке добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума пари најчесто од 200-300 евра од член на семејство.