Внатрепартиски избори за кандидати за градоначалник и советници во СДСМ Охрид

Денес во СДСМ Охрид се одржуваат внатрепартиски избори за кандидати за градоначалник и советници, чии резултати значително ќе имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ.

„Денешниот ден е празник на демократијата во СДСМ Охрид и нова страница во партиското делување, не само во нашиот град, туку и во државата. Изборната постапка во СДСМ Охрид е отворена, транспарентна и демократска! За живот во Охрид!“- велат од СДСМ.