Од утре на граѓаните, гостите и туристите во Охрид ќе им биде достапно уличното списание „Лице в лице“

Во рамките на своите активности за помош и поддршка на ранливите-маргинализирани групи на население на територијата на Охрид, Црвен крст Охрид од утре, и на граѓаните, гостите и туристите во Охрид, ќе овозможи достапност до единственото македонско улично списание „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“. Соодветно обучени продавачи кои потекнуваат од социјално загрозените и ранливи категории на граѓани, со помош и поддршка на волонтерите на Црвен крст Охрид, ќе бидат достапни на јавни и фреквентни места во Охрид (охридската чаршија, кејот, плажите и сл.) за сите охриѓани и гости кои сакаат да прочитаат интересни содржини од повеќе области на живеењето и воедно со купување на списанието ги помогнат ранливите категории на граѓани.