Извонреден концерт на квартетот „Јанкелевич“ во „Света Софија“

Познатиот руски гудачки квартет „Јанкелевич“ синоќа во црквата „Света Софија“ одржа целовечерен концерт и на публиката на фестивалот „Охридско лето“ и приреди уште едно неповторливо уживање.

Со овој извонредно добар и професионален музички состав во акустичниот амбиент на катедралата настапи и италијанскиот пијанист Марко Чампи, кои инаку е уметнички директор на Музичката академија во Формиа во Италија.

Љубителите на класиката, а особено на гудачките инструменти и на пијаното проследија дела од Моцарт, Бетовен и Шостакович.

Jankelevic_naslovna

Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ кој е формиран на Московскиот конзерваториум го сочинуваат Илја Гајсин(прва виолина), Александра Федотова(втора виолина), виолистот Михаил Рудој и виолончелистот Евгениј Румјанцев.

Квартетот соработува со познати музичари од целиот свет, а досега има настапувано на над 200 концертни сали ширум светот.

Традиционално, на фестивалот „Охридско лето“ секоја година настапуваат голем број познати руски уметници, а годинешното издание го збогатија брилјантните пијанисти Елизавета Леонскаја и Аркадиј Володос, виолинистот Кирил Трусов и неговата сестра, пијанистката Александра Трусова, театарот „У-моста“ во драмскиот дел на програмата, а публиката ќе има можност да го проследи и во концертот на еден од најпознатите кларинетисти во современа Русија, Сергеј Петров што ќе се одржи на 14-ти август, исто така во „Света Софија“.

Jankelevic_koncert