Кривични пријави за поранешен раководител и советник во локалната самоуправа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало да поминува канализацијата не биле решени, истите изготвиле и потпишале налози да се гради водоводна и атмосферска канализација и градење на улица. Инаку во судска постапка е утврдено дека е предизвикана вкупна материјална штета од 81.740 евра.