Вечерна богослужба и света литургија по повод празникот „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан“

Манастирот „Свети Стефан“ ги известува сите православни верници дека на 14 август 2014 година (четврток) – вечерта, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

На 15 август 2014 година (петок), во манастирот „Свети Стефан“, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8.30 часот.