„МК is not GR, GR=MK“- испишано со спреј на грчко возило во Охрид

На 15/16.08.2014 година во времето од 22,00 до 10,00 часот во Охрид на паркингот „Горна порта”, од страна на непознат сторител, врз патничко моторно возило „Ауди”-3 со грчки регистарски ознаки управувано и паркирано од грчки државјанин со спреј испишан е текст (MK is not GR, GR=MK,) и направени се вулгарни цртежи. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.