Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5.1%, а реално за 2.7%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 2.1%, а реално за 1.1%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7.0%, а реално за 7.9%).