Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.4% на месечно ниво, а за 3.6% на годишно ниво.

Во јуни 2014, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.5%.

Во јуни 2014, во споредба со јуни 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.8%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 4.1%.