Мебелот на Стојоски – спој на современата уметност и уникатноста на обликот

Во рамките на Охридско лето синоќа беше промовирана изложбата на индустриски дизајн на Kирче Стојоски. Уникатните парчиња мебел како збир на традиционален, артистички, концептуален и иновативен метод на дизајнирање и изработка ви воодушевија присутните.

Мебелот се идентификува со карактер на скулптурност, оригинална форма и баланс на бои и структурна перфекција. Појдовниот концепт на секое дело е токму уметничката вредност, а формата никогаш не следи, туку таа е форма што води,“ вели Стојоски.

Изложбата, како што многумина оценија, беше само уште една потврда на дарбата и генијалноста на човековата потрага кон возвишеното и убавото. Спој на убавината и хармонијата на делата на Кирче. Спој меѓу современата уметност и уникатноста на обликот и формата.

Едно од парчињата мебел Стојоски го подари на Фестивалот како знак на успешната соработка.

Во богата уметничка кариера на Кирче Стојоски има повеќе самостојни и групни изложби како и на Охридско лето 2012, Скопје Дизајн 2013, Регионалниот фестивал за дизајн во Србија, Дан Д во Хрватска, Софија дизајн и многу други. Денес работи како дизајнер во фирма за проектирање и изведба на мебел.

kirce4